Гостивар
Во Гостивар уапсени 15 лица поради наркотици
Во изминатите два и пол месеци од оваа година Секторот за внатрешни работи Тетово ги интензивираше континуираните активности за справување со „неовластеното производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, и со „овозможување употреба на наркотични дроги“.
Во овој период во педесетина случаи евидентирани на тетовските простори лишени од слобода биле 80 лица, додека на гостиварско подрачје 15. На сите нив по расчистување и документирање на случаите изготвени им се соодветни поднесоци. „Кај најголемиот број од нив биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин, а во само неколку случаи хероин и амфетамин. Претежно станува збор за млади лица на возраст од 15 до 45 години, кои лично користеле вакви опијати, но се среќаваат и поединци кои им ги продавале на други.“, информира полицискиот портпарол, Марјан Јосифоски.
Секторот за внатрешни работи Тетово најавува дека и во наредниот период ќе презема контролни и други активности во чие средиште ќе бидат лицата кои поседуваат, користат или продаваат наркотични средства и адекватно ќе ги санкционира со изготвување на законски предвидените поднесоци.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!