Гостивар
Поскапуваат зонскиот паркинг и пајак службата во Гостивар
Зонското паркирање ќе ги чини поскапо возачите во Гостивар. Одлуката за зголемување на цената беше донесена на денешната седница на Советот на општината, по предлог на Управниот одбор на претпријатието „Градски паркинг и зеленило“ за измени и дополнување на ценовникот. Во првата зона (централното градско подрачје) еден час зонски паркинг од 25 денари поскапува на 40 денари. Во втората зона (периферно подрачје) цената се покачува на 30 денари за час.
„Досегашните 25 денари за паркирање се доста ниска цена, ако се земе предвид дека кога ги покриваме трошоците, за претпријатието од таа сума остануваат 12-13 денари. Зонското паркирање е поскапо и во другите градови, Тетово, Скопје…“, рече директорот на претпријатието Џелал Луши.
Од советничката група на ДУИ истакнаа дека не може како оправдување за поскапување да се прават споредби со други градови и дека покачувањето би било логично само доколку градот понуди и подобри услови за возачите и алтернативен паркинг. За оваа точка, дел од советниците на ДУИ гласаа против, а дел без воздржани.
Ема Нешковска од СДСМ посочи дека поради неправилното паркирање се создава сообраќаен хаос низ градот, нема простор за слободно движење на пешаците, нема услови за велосипедистите и побара да се обезбедат дополнителни паркинг зони. За поскапувањето на паркингот, советниците од СДСМ гласаа воздржано.
Одлуката беше донесена со 17 гласа ЗА.
Освен зонското паркирање, се зголемува и цената на пајак службата, од 1.600 денари на 2.000 денари. Доколку возачот го оставил возилото на место предвидено за лица со попреченост, пајак службата ќе ја плати 3.000 денари.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!