Гостивар
Засилени контроли-Годинава 145 возачи во Гостивар казнети за погрешно паркирање
Во изминатите нешто повеќе од два и пол месеци од годинава на поширокото тетовско подрачје вкупно се изречени 1192 мерки за непрописно паркирање, а на гостиварското 145 мерки, соопшти Секторот за внатрешни работи Тетово. Во овој период во Тетово од „пајак-службата“ вкупно биле подигнати 946 возила, кои во голема мерка го попречувале нормалното и безбедно движење на другите учесници во сообраќајот и пред се на пешаците.
!Претежно станува збор за возила паркирани во таканаречени „двојни редови“, во зона на крстосници, на тротоари и на други недозволени места. На сите возачи-прекршители изготвени им се адекватни поднесоци и зависно од тоа каде ги паркирале возилата, тие ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок се движат од 45 до 180 евра во денарска противвредност.“, извести полицијата.
Секторот за внатрешни работи Тетово нагласува дека и во наредниот период ќе продолжи со засилени контроли околу паркирањето, посебно во централните подрачја на Тетово и Гостивар, со цел да се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ