Спорт
Реал Мадрид и Милан први полуфиналисти во Лигата на шампиони
Мадридски Реал ја продолжува одбраната на титулата во Лигата на шампиони откако вчера втор пат го совлада Челзи и обезбеди пласман во полуфиналето во кое му се приклучи и Милан, кој во италијанската четвртфинална пресметка беше поуспешен од Наполи.
Милан допатува во Неапол со предност од првиот натпревар од 1-0, која ја удвои Французинот Оливие Жиру во 43 минута, откако претходно во 22 минута не реализираше удар од белата точка.
Промашен пенал имаше и на спротивната страна кога грузискиот репрезентативец Квича Кварацхелија биеше непрецизно во 81 минута, а почесниот гол за Наполи за конечни 1-1 го постигна Нигериецот Виктор Осимен во третата минута од судиското продолжение.
Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе на теренот од клупата за резерви во 63 минута.
На реваншот меѓу Челзи и Реал во Лондон, актуелниот европски првак забележа и втора победа со идентични 2-0 како и на првиот натпревар во Мадрид, со двата голови на Родриго (58, 80) и во полуфиналето ќе игра против поуспешниот од пресметката меѓу Манчестер сити и Баерн Минхен. Германскиот шампион во денешниот реванш ќе има тешка задача пред своите навивачи да ја надомести негативата од 0-3 од првиот натпревар.
Противник на Милан во полуфиналето ќе биде победникот од дуелот меѓу Бенфика и Интер. Италијанскиот тим во реваншот на домашен терен влегува со предност од 2-0 од првиот дуел во Лисабон.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ