Поврзи се со нас

Вести

Во Австралија забрани и ограничувања на „вејпинг“

Објавено

на

Австралија воведува забрани и ограничувања околу рекреативното „вејпинг“-пушење, објави денеска тамошниот министер за здравство, Марк Батлер.

Согласно новите правила, електронските уреди за пушење ќе се продаваат само во аптеките и ќе биде забранет увоз на оние уреди коишто не се нарачани од аптеките. Ќе бидат забранети сите електронски цигари за еднократна употреба и ќе се воведат ограничувања на пакувањето, вкусовите, боите и достапноста, како што нагласи министерот во обраќањето пред Националниот клуб на новинари на Австралија.

„Нема повеќе вкусови на гума за џвакање, нема повеќе „розови еднорози“ или е-цигари во шарени кутивчиња за деца што може да се скријат во кутија за моливи. Наместо тоа, ќе имаме обични пакувања со едноставни вкусови. Пушењето е-цигари е „најголемата дупка“ во австралиската историја и Австралија нема да дозволи придобивките што ги постигна во намалувањето на употребата на тутун да се поништат со нова закана по здравјето“, рече Батлер.

Батлер рече дека пушењето во Австралија станало „рекреација“ за тинејџери и млади луѓе кај кои сега има три пати поголема веројатност да пропушат.

„Електронските цигари, властите и заедниците во дел од светот ги продаваат како терапевтски производ за помош на долгогодишните пушачи да се откажат од цигарите. Нема да стоиме на страна и да дозволиме пушењето е-цигари да создаде уште една генерација зависници од никотин“, додаде тој.

„Знаеме дека поскапата цигара е помалку привлечна цигара!“, истакна Батлер.

Taкa, Австралија ќе ги зголеми даноците за тутунот за пет отсто годишно следните три години, меѓу другото, и за исплаќање на програмата.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 9 часа

Пролетен тренд-Лакови за нокти во посветли нијанси

ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Близу 60% граѓаните ќе гласаат на изборите – кампањата не влијаела на нивната одлука

Гостиварпред 13 часа

Приведен 41 годишник во Гостивар

Македонијапред 15 часа

ССМ ги повика работниците на протест на 1 Мај: Да покажеме одлучност во борбата за подобри работнички права

Гостиварпред 17 часа

Чествување на Цветници во Гостивар: Да ги отфрлиме сите дела на мракот и да се облечеме во оружјето на светлината!

Занимливостипред 18 часа

Сепак, може да има чудна врска помеѓу менструалниот и лунарниот циклус

Здравје и убавинапред 19 часа

Зачини кои можат да помогнат во работата на вашиот мозок

Вестипред 20 часа

Православен празник Цветници, предвесник на Велигден

Магазинпред 1 ден

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена