Македонија
МОН подготвува препораки за побезбедни училишта и спречување на врсничкото насилство
Министерството за образование и наука соопшти дека подготвува препораки за училиштата со цел подигнување на безбедноста во објектите, како и намалување на меѓуврсничкото насилство. „Основа на процесот се заклучоците кои произлегоа од досегашните средби со универзитетски професори и експерти од областа, од средбите со претставници на други засегнати институции, како и од посетите на училиштата каде заедно со наставниот кадар и стручните служби се анализира безбедносната состојба.“, стои во известувањето.
По финализирањето на препораките, истите ќе бидат проследени до Владата и ќе се усвојуваат на следната седница.
„Во меѓувреме секој конструктивен предлог е добредојден и може да биде дел од планот за одржувањето на мирот и безбедноста во училиштата и во градењето на средина во која учениците ќе бидат фокусирани едниствено на стекнување знаења и вештини, а насилството нема да биде тема.“, велат од Министерството.
Во меѓувреме и понатаму активни остануваат електронски адреси prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk, каде може да се пријавуваат случаи на насилство во училиштата. Досега пристигнати се 20-тина пораки, од кои дел се од поранешни професори во форма на сугестии за тоа како да се спречи насилството во учлиштата, а има и пријави од ученици кои претрпеле одредена форма на насилство, за што надлежен за постапување е Државниот просветен инспекторат.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!