Гостивар
Горнореканци на протест и блокада во Маврово: Се случува еколошка катастрофа
Жители на села во Горна Река утрово излегоа на протест и го блокираа патот Гостивар – Маврово кај влезот во националниот парк (крстосница Бунец). На овој начин, сакаат да изразат револт поради, како што наведоа, еколошка катастрофа на планината Мелник од нелегална сеча и непреземање мерки од институциите.
„Од наша страна, констатирано е дека незаконското сечење на дрвјата се случува на приватен имот и од лица кои не се евидентирани од работодавачот. За жал, Државниот инспекторат за животна средина го одби нашето известување и барање да излезат на лице место за да ја видат оваа еколошка катастрофа додека бесрамно ја оправдувааат акцијата на Националниот Парк Маврово. Исто така, заради оваа еколошка катастрофа нашата ” Длабока Река ” може да го изгуби статусот на заштитено подрачје од страна на УНЕСКО. Бараме од надлежните институции да преземат мерки против соодветната институција која врз основа на законот е формирана за зачувување на автентичната состојба на природата преку заштита на природните вредности. Оваа еколошка катастрофа и овој организиран криминал нема лесно да помине и дека сторителите на криминалот мора да одговараат пред надлежните институции“, истакнаа од Здружението за рурален развој „Преродба на Горна Река“ кои го организираа протестот.
Од Здружението информираа дека за случувањата ги известиле институциите, како и странските амбасади во земјава.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!