Вести
Дали новите градби во Гостивар се безбедни од земјотреси?
Честите земјотреси кои се регистрираат периодов во охридскиот регион, ја актуелизираат темата за сеизмичката безбедност на градбите во Македонија. Се отвора прашањето, дали и колку се стабилни станбените и повисоките објекти, колку може да издржат и постои ли опасност за граѓаните при потреси?
Со измените и дополнувањата на Законот за градење од ноември 2013 година, за сите објекти инвеститорите задолжително треба да добијат мислење за проектиран и изведен степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Дури откако ќе добијат позитивно мислење, може да поднесат барање за одобрение на градба.
Колку во Гостивар се почитува тој дел од законот и одредбите и дали се бара неопходното експертско мислење за стабилноста на новоградбите?
Официјалните податоците кажуваат дека Гостивар е на врвот по добиени позитивни мислења за механичка отпорност и сеизмичка заштита на новите градби, што би значело дека во гостиварскиот регион се градат сеизмички стабилни објекти.
Од друга страна, постојат сознанија дека геотехничките испитувања на теренот, кои според закон треба да се изведуваат пред почетокот на секоја градба, не се изведуваат прописно и дека постојат пропусти во елаборатите кои натаму носат ризик за градбата.
Институтот за земјотресно инженерство ги контролира објектите пред и во фаза на градба за да се утврди дали она што е наведено во проектната документација се спроведува и на терен. Се проверува квалитетот на материјалите што се вградени во објектот, а во специјална лабораторијата се врши дополнителна проверка на цврстината на бетонот. Со посебен инструмент се проверува положбата на арматурата, додека за поспецифични случаи со специјална опрема за амбиент вибрации се проверуваат динамичките карактеристики на објектот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ