Поврзи се со нас

Гостивар

Цревните инфекции напаѓаат, по 40 пациенти на инфективно во Гостивар за 24 часа

Објавено

на

Со затоплувањето на времето, вообичаено за овој период од годината, зачестија стомачните заболувања кај населението. Се зголемува бројот на граѓани кои бараат лекарска помош на инфективното одделение во Гостивар со симптоми на пролив, повраќање, проследени со малаксаност и покачена температура. Во текот на 24 часа околу 40 пациенти се обраќаат во амбулантата на ова одделение и ги има од сите возрасни групи.

„Периодов повеќето пациенти кои доаѓаат за прегледво амбулантата се со гастроинтестинални инфекции, со дијареа, повраќање, грчеви во стомакот, малаксаност, болки по телото и слично. Ако се дехидрирани ги примаме на одделение, ако не се, им даваме симптоматска терапија и ги пуштаме на домашно лекување. Има и пациенти со долнореспираторни инфекции, бронхит и бронхопневмонија. Таквите ги лекуваме тука на одделение и може да кажам дека излегуваат во добра општа состојба.“, информира раководителот на инфективно во Гостивар д-р Ратко Наумоски.

Инфектологот нагласува дека со доаѓањето на печалбарите и сезоната на свадби очекувано се јавуваат и труења со храна, па апелира на внимателност.

„Очекуваме набрзо да дојдат и гастербајтерите, да почнат свадбите, со што вообичаено и да се зголеми бројот на гастроинтестинални заболувања, во кои спаѓаат и труењата со храна. Ние како одделение сме подготвени да реагираме, иако сме со помал број на лекари ќе гледаме да функционираме како што треба, а граѓаните секако треба да бидат внимателни“, вели д-р Наумоски.

Денес на инфективното одделение во Гостивар се третираат 25 пациенти, од кои повеќето по добивање на инфузијата си одат дома, при што потпишуваат документ дека излегуваат од одделението на своја одговорност.

 

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 7 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 9 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 12 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 14 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 1 ден

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 1 ден

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 дена

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена