Гостивар
Симултанка во Гостивар-Деца играа шах со познати шахистки од Бугарија
Гостивар попладнево беше домаќин на несекојдневен и инспиративен настан, особено возбудлив за младите гостиварци, вљубеници во шахот. Околу 25 деца имаа можност да играат симултанка со две репрезентативки во шах на Бугарија, интермајстор Цвета Галунова и фиде мајстор Гергана Пејчева.
Настанот се одржа во летниот амфитеатар покрај Вардар, во организација на шаховскиот клуб Гостивар со поддршка на општината.
„Со задоволство ја прифативме можноста да го организираме овој настан во Гостивар, со оглед дека во тек е и летната школа за деца што ја спроведува општината, во која е вметнато и играњето шах. Ова е една симултанка каде еден шахист игра против повеќе, во случајот овде имаме 25 деца. Инаку, Галунова и Пејчева се многу јаки женски шахистки на ниво на Европа и светот и верувам дека ова за нашите деца е големо искуство и доживување. Сметавме дека ќе биде позитивно и корисно да имаме настан од ваков тип и да се популаризира шахот меѓу младите. Особено ме радува што во Гостивар расте интересот кај децата за шахот, ние постојано се трудиме да им го доближиме, да ги мотивираме, организираме по неколку турнири годишно и за основци и за средношколци“, истакна Воислав Мерџаноски, претседател на шаховскиот клуб Гостивар.
Симултанката ја проследија претставници од локалната самоуправа, Шаховската федерација на Македонија, Агенцијата за млади и спорт, љубители и поддржувачи на шахот како спорт.
На почетокот од страна на шаховскиот клуб беа доделени блаодарници и пригодни подароци.
Бугарските шахистки играа симултанка и во Струга, а ваков настан е најавен и во Куманово.
Инаку, последниот успех на гостиварскиот шаховски клуб е повторниот влез на женската екипа во првата лига. „Минатата година отпадна во втора, но сега женската екипа успеа да се врати во првата лига, од што сме навистина задоволни.“, кажа Мерџаноски.
Шаховскиот клуб Гостивар има околу 140 членови и оценката на раководството е дека бројката континуирано расте.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница