Поврзи се со нас

Македонија

Националната мрежа на земјоделци со 8 барања до Владата: Штетите се катастрофални

Објавено

на

Националната мрежа на земјоделци бара државата да прогласи елементарна непогода на цела територија на државата. Ѓорѓи Каракашев од Националната мрежа на земјоделци појаснува дека климатските промени ја направија штетата на производите. Високите температури и дождови се  причина за појава на болести и штети на земјоделските култури.

Забележува  дека годинава ќе има слаби приноси на грозјето, а со слаб квалитет сe и приносите на пченица и јачмен, а истото се очекува за кочанскиот ориз и ресенското јаболко.

„Се нанесоа катастрофални штети од поплави, болести, а имаше и присуство на град. Веднаш потоа имавме енормно високи температури, што дополнително ги отежнаа условите за производство. Сега сме сведоци на сериозни оштетувања. Кај некој култури има забележано од 50 до 100 проценти. Сега земјоделците се наоѓаат во една многу деликатна ситуација. Буквално не можат ни да ја поминат сезоната“, вели Каракашев.

Националната мрежа на земјоделци до Владата достави вкупно осум барања. Побараа да бидат ослободени од воден надоместок, усогласување на цените, производни цени на сите земјоделски култури, а кочанскиот ориз да се прогласи за стратешка култура. Барањата ги доставиле пред десеттина дена, а одговор се уште немаат добиено.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 3 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 5 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 6 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 6 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 9 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 10 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена