Поврзи се со нас

Рецепти

Џем од сливи по рецептите на нашите баби

Објавено

на

Вистински домашен џем од сливи по рецептите на нашите баби. Многу едноставна подготовка и само малку желба е потребно за да уживате во овој вкусен џем цела зима.

Потребни состојки:

  • 5 килограми сливи
  • 1 килограм шеќер или 200 грама по килограм сливи

Подготовка:

Најпрво сливите убаво се мијат. Се вадат семките и сливите се ставаат во голем сад каде што ќе се варат. На половина мера од сливите се додава пола мера од шеќерот. Над тоа се ставаат и останатите слики и другата половина од шеќерот. Рерната во меѓувреме се загрева на 200 степени. Садот се става во рерната најдоле. Се варат два часа на 200 степени, а се промешува на секој половина час. После првите два часа, температурата се намалува на 150 степени и се остава да вари уште час и половина, се додека не ја добиете посакуваната густина. Кога ќе биде готов џемот оставете го уште некое време во рерната.

Теглите ставете ги 10 минути во рерната да се загреат, потоа наполнете ги со џем, а на крај полните тегли вратете ги во рерната да отстојат уште еден час на температура од 100 степени. Кога ќе ги извадите, додека се се уште топли затворете ги убаво. Чувајте ги на суво и темно место.

Наздравје!

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена