Поврзи се со нас

Македонија

Синдикатот и Здружението на новинари со осуда на отказите во Клип медиа груп: Групните отпуштања создаваат лоша клима во медиумската сфера и последици за сите

Објавено

на

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) со огорченост ја примија веста за тековната постапка на отпуштања во една од најголемите медиумски групации во Македонија, Клип медиа груп особено што најголем дел од нив се спроведуваат без никаква основа, со непочитување на основните работнички права и со нарушување на повеќе членови од Законот за работни односи.

ССНМ и ЗНМ ја алармираат јавноста, државните органи и пред се, медиумската популација за чинот кој е нехуман, нечовечки и потсетуваат дека истиот тргна со принуда и со понижувачки понуди за работниците, а по реакцијата на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници беше изменет во, за нијанса, подобри услови.

Отпуштањата по кратка постапка во неколкуте релевантни медиуми (Макфакс, Репортер, УСБ, Топ Спорт) ќе ги стави колегите и колешките новинари и медиумски работници во крајно неповолна положба и ќе ги усложни состојбите во оваа професија и тоа во ситуација кога во земјава има недостаток на кадар за медиумите. Предупредуваме дека ова ќе се одрази и на интересот на младите да се занимаваат со новинарство, камера, монтажа и се што е неопходно за функционирање на медиумите.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија не ја спорат определбата на сопствениците да реструктуираат и да ги трансформираат своите изданија, но предупредуваат дека тоа мора да оди по строго утврдени правила и критериуми, и согласно законите. Во исто време ваквите итни постапки и групни отпуштања создаваат лоша клима во медиумската сфера и ќе остават последици за сите, па и за споменатите медиуми односно нивните сопственици.

Оваа постапка на раководството на Клип медиа груп е во спротивност на стратешките определби на ССНМ и ЗНМ кои за цел имаат ваквиот начин на неиздржано менување на персоналот по брза постапка да биде засекогаш искоренет во земјава. Од тие причини двете организации се со целосна поддршка за колегите, а ним, на располагање ќе им бидат ставени сите ресурси што ги имаат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари на Македонија.

ССНМ/ЗНМ

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 12 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 14 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 17 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 19 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 дена

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 дена

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена