Поврзи се со нас

Гостивар

Здружението „Д-р Трајче Нешковски“ и Општина Гостивар заедно за поддршка на децата со попреченост

Објавено

на

Општина Гостивар и Хуманитарното здружение на граѓани „Д-р Трајче Нешковски“ потпишаа меморандум за соработка со заедничка цел подобрување на условите за децата со попреченост. Со документот, двете страни се обврзаа на подигнување на свеста и обезбедување на поддршка за интеграција на овие деца во образованието и општеството во средни училишта на територијата на општината.

„Приоритетна цел на оваа соработка е осигурување на образовни и лични асистенти за децата со попреченост во средните училишта. Ова ќе се оствари преку мапирање на бројот на деца кои имаат потреба од оваа поддршка и објава на јавен повик за ангажирање на асистенти за тековната учебна година 2023/2024. Оваа иницијатива цели и да ја засили социјалната кохезија, прифаќањето на различностите и инклузијата на сите деца и лица со попреченост во општеството. Целта е не само подобрување на условите за учење на децата, туку и нивното прифаќање од страна на заедницата, соучениците и професорите.“, информираа од Здружението.

Активностите, меѓу другото предвидуваат: панел дискусија со експерти за развивање на свеста на родителите/ старателите на деца со попреченост за важноста тие да ги пријават до надлежните институции (училиштата) своите деца дека имаат потреба од образовен и личен асистент, давање континуирана поддршка на родителите/старателите на деца со попреченост, но и на самите деца во процесот на нивна инклузија во општеството, распишување на јавен повик до родителите/старателите на деца со попреченост, во училиштата да пријават дека имаат дете со попреченост на кое му треба образовен и личен асистент, заради подобра интеграција во образовниот процес, распишување јавен оглас за ангажирање на образовни и лични асистенти за децата- ученици во средните училишта, во период за учебната 2023/2024 година.

Јавниот повик до родителите/старателите на деца со попреченост и јавениот оглас за ангажирање на образовни и лични асистенти за децата- ученици во средните училишта ќе се објави во средината на декември, проектот е предвидено да стартува со почеток на второто полугодие од учебната 2023/2024 година..

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена