Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Спиењето со вклучено греење носи опасности

Објавено

на

Кога температурите наесен опаѓаат, греењето се вклучува во сите домови. Многу луѓе го оставаат греењето вклучено и ноќе, додека спијат, па некои стручњаци велат дека тоа може да претставува опасност по здравјето. Следат три од можеби најчестите опасности.

Превисоката топлина може да ви го наруши сонот, па и да предизвика почесто будење среде ноќ, според консултантката за сон, Мериен Тејлор од САД.

„Ако во собата е премногу жешко, нашето тело мора да работи дополнително напорно за да си ја регулира температурата во текот на ноќта. Ова може да ја зголеми будноста и да го намали нашето време во длабок сон, што е најважниот „обновувачки“ сон, којшто ни овозможува да се чувствуваме одморени и енергични следниот ден“, советува стручњакот.

Идеалната температура за спалната соба ноќе е 15,6 до 20 Целзиусови степени.

„Како второ, ноќната жештина нѐ прави повеќе склони кон болести. На ноздрите им треба течност за да ги задржат вирусите и бактериите и да спречат човекот да се разболи. Повисоката топлина во собата при спиењето ја намалува влагата во ноздрите, што значи поголема ранливост на настинки, грип и инфекции на синусите“, појаснува Тејлор.

Греењето, исто така, може да подигне „облаци“ прашина и други алергени коишто може да ги изиритираат синусите.

Истражување на Медицинскиот универзитет во Варшава потврди дека одредени начини за греење во затворен простор се важни фактори на ризик за алергиски ринитис и астма.

Што се однесува до влажноста, греењето ноќе може и да ја исуши кожата на личноста која спие во таа соба. Сувата кожа предизвикана од топлина може да значи поголема опасност од појава на состојби како што се псоријаза и егзема. Греењето значи дополнително ниво на стрес во управувањето со сува кожа, што е особено проблематично ако човекот веќе има кожни заболувања. Предупредувачките знаци се оние кога кожата е премногу груба или почнува да се лупи.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 6 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 7 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 10 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 13 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 1 ден

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 1 ден

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 1 ден

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена