Поврзи се со нас

Гостивар

Божиќни пештери изработени со трпение, љубов и молитва од сестрите од манастирот во Рајчица

Објавено

на

Божиќни пештери, кои ја внесуваат божиќната атмосфера во православните домови, и годинава изработија сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во село Рајчица, кај Дебар.

„На барање на нашите богољубиви Христијани, а со благослов на нашиот старец, епископот Антаниски Партениј, и оваа година се потрудивме благонаклоно да одговориме на се поголемиот интерес и да изработиме пригодни Божиќни традиционални украси во вид на некогашната Витлеемска пештера“, велат сестрите.

Додаваат дека тие се направени од различни прикладни материјали, автентично украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандило, и така даваат можност на сите заинтересирани да го надополнат божиќниот амбиент во својот дом во духот на нашата православна традиција.

Сестрите од Рајчица со голема љубов кон Бога, трпение и молитви за мир и благосостојба, изминатите петнаесетина години, имаат изработено стотици пештери, во различна големина, кои красат многу домови, цркви, но и простории на компании, фирми, институции.

-Кога Божественото дете скришум од светот се роди во скромна пештера за да ни ја донесе на сите радоста на спасението, треба и нашите домови да засветлат со достојно украшение за пречек на ова најсвето и најспасително за нас Рождество. Треба и ние самите, а и заедничкото семејно катче да го доловат смирениот лик на Витлеемската пештера, сведочејќи го на сите наоколу настанот што се случи пред повеќе од 2000 години во таа тивка божикна ноќ, нагласуваат сестрите.

Заинтересираните верници, кои сакаат да си ги украсат своите домови со рачно изработена божиќна пештера, посочуваат, може да нарачаат на следниов број: 075/ 245-791 кај сестра Филотеја, со желби божиќната радост да се всели во секој православен дом.

фото:Бигорски манастир

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 6 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 7 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 10 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 13 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 1 ден

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 1 ден

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 1 ден

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена