Култура
Работилница за основци во Гостивар: Што повеќе да се другарува со книгата!
Основци од гостиварското училиште ,,Мустафа Кемал Ататурк“ преку повеќе едукативни и креативни активности се потсетија на значењето на книгите и се мотивираа да ја негуваат љубовта кон читањето. На работилницата што ја спроведе Здружението за култура, спорт и образование ,,Анисија“ од Гостивар, во склоп на проектот „Книгата наше најголемо богатство“ учествуваа ученици од петто до деветто оделение од паралелките на македонски, албански и на турски јазик.
„Работилницата е насочена кон поттикнување на најмладите што повеќе и што почесто да другаруваат со книгите, да не заборават дека книгите се големо богатство со кое се надоградуваат како личности. Исто така, учениците ги запознавме и со функциите на библиотеките и пристапот до библиотечните фондови со користење на современата технологија.“, вели Валентина Тасеска, организатор.
Значењето на книгите, функционирањето на библиотеките и електронското пребарување на книги со кои располагаат, на дечињата, преку предавање и практични вежби им го појасни Елизабета Трпчевска Петрушевска, советник библиотекар од Тетово.
Децата учесници добија подароци книги, нотеси и пенкала, а им беа поделени и едукативни летоци. Активностите ги координираше Лидија Новаковска, како координатор на проектот, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок