Гостивар
Во Гостивар промовирано делото „Етика во различни области“, прва книга на турски јазик од оваа област
По повод 21 декември, Ден на наставата на турски јазик и патронен празник на Меѓународен универзитет „Визион“ во Гостивар, беше промовирана книгата со наслов „Етика во различни области“ од авторите проф. д-р Абдулмеџит Нуредин и проф. д-р Менсур Нуредин.
Книгата содржи 48 тематски целини, групирани во две поглавја. Првиот дел е Концептуалната рамка- Теоретска Етика, којшто ги опфаќа темите „Концепти поврзани со моралот и етиката“, „Основни идеи во развојот на етиката“, „Видови на етика“, и „Етичките системи“. Вториот дел соподнаслов Применета Етика – Етика во различни области ги опфаќа темите „Етика во општествените науки“, „Етика во инженерството“ и „Етиката во медицинските науки“.
„Етика во различни области“ е исклучително значајна книга која ги надминува рамките на учебник за студентите и експертите во оваа област. Оригинална, внимателно аргументирана, оваа книга е првата книга што испитува различни области на етиката во нашата држава, и истовремено е и прва книга објавена на турски јазик од областа на Етика во нашата држава“, се наведува во освртот за делото.
Издавач на книгата е Универзитетот „Визион“ во Гостивар.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин