Здравје и убавина
Аргановото масло и сите негови придобивки за вашата кожа и коса
Аргановото масло содржи заситени и незаситени масни киселини (линолеинска, алфа-линоленска, олеинска), стероли, витамин Е, минерали и каротеноиди, а токоферолот, попознат како витамин Е е највредната состојка во него. На овој витамин му се припишуваат силни антиоксидантни својства. Незаменлив е во борбата против лузните, егземите и сувиот скалп.
Друга важна состојка на аргановото масло е каротенот, кој ја штити кожата од УВ зрачењето. Понатаму, есенцијалните масни киселини од маслото од арган ги спречуваат воспалителните процеси на кожата, истовремено хидрирајќи ја и зајакнувајќи ја.
Аргановото масло има висок процент на сквалан, природни соединенија кои штитат од рак на кожата и помагаат во смирување на иритираната кожа, додека феруличната киселина од маслото од арган е многу силен стабилизатор на витамините Ц и Е. Исто така содржи полифеноли – природни соединенија од растенија кои имаат антиинфламаторно и регенеративно дејство на кожата. Ја храни и хидрира сувата кожа, помага при дерматитис и псоријаза и спречува инфекции.
Подлога за сјајна и здрава кожа на лицето
Аргановото масло може да биде многу хранлива основа за шминка, или обична крема за нега на лице и тело. Не ја прави кожата масна, и природно ја хидрира, па затоа е погоден и за оние со мешана кожа и кожа склона кон неправилности.
Ноќна хидратација
Предноста на ова масло е што брзо се апсорбира и не остава масни траги, па може да се користи и за навлажнување на лицето ноќе, а бидејќи е богато со витамини А и Е, може да биде природна помош за намалување на брчки и грижа за чувствителните области на лицето.
Нежен пилинг
Мртвите клетки од кожата на лицето и телото можете да ги отстраните со помош на арганово масло, во комбинација со кафеав шеќер, а потоа кожата ќе блесне фантастично, нахранета и здрава во исто време.
Природна помош за акни
Богатството на линоленска киселина и други хранливи материи го прави маслото од арган одлично решение за проблематичната кожа склона кон акни и мозолчиња. Го намалува количеството на себум во мрсната кожа и воспалителните процеси на кожата, па затоа е погоден како природен третман за акни, на која било возраст. Исто така, ја штити кожата од лузни и промовира побрзо заздравување, што е уште една предност на ова масло во споредба со другите масла кога се грижи за кожа склона кон акни.
Грижа за изгореници и исеченици
Аргановото масло ја смирува иритираната и оштетена кожа и природно ја храни и негува. Затоа се користи и за третман на кожа после изгореници, како и иритација после бричење, исто така и за разни оштетувања предизвикани од сува и испукана кожа.
Заштита од стрии
Нежното дејство на маслото од арган може да се користи и за заштита на кожата од стрии. Ја поттикнува еластичноста и длабински ја храни кожата, а може да го користат и трудниците. За постоечките стрии, маслото од арган може да помогне да се направат помалку видливи, а ако се измеша со малку кафеав шеќер и се масира во погодената област и потоа се измие со вода, ќе помогне да се намалат стриите.
Грижа за целото тело
Ја храни, освежува, чисти кожата, и дава сјај, нега и здравје, па ова повеќенаменско масло секако е пожелно да го имате во козметичкиот кабинет, како и меѓу препаратите за лекување на споменатите заболувања.
Регенератор за коса
Полесно чешлање, негувана и сјајна коса и помалку расцепени врвови се резултат на користењето масло од арган како природен регенератор за коса. Ќе ја заштити од ветер, сонце, морска сол, како и оштетувања кои можат да настанат од честа употреба на фен и други уреди за третман на коса. Аргановото масло може да се нанесе на сува или влажна коса, но не треба да се плакне.
Балсам за усни
Меките, нежни и негувани усни се загарантирани со користење само една до две капки од ова масло, кое ќе ги заштити од сонцето и ветерот.
За здрави и убави нокти
Помага и за здравјето на ноктите, бидејќи го спречува нивното кршење, ги храни ноктите, ја штити кутикулата и им дава природен сјај на ноктите. Тоа е и заштита од болни и непријатни кутикули. Користете го како основа за нега на ноктите, пред нанесување лак и за секојдневна нега на рацете.
Заштита од стареење и брчки
Заштитата на кожата од стареење и брчки е уште една придобивка што ја обезбедува ова масло, бидејќи е богато со антиоксиданси и каротени. Ја поттикнува еластичноста на кожата, длабински ја храни и негува, помага во ублажување на последиците од изложеноста на УВ зраци, прекумерно сонце и ветер. Аргановото масло може да ја стимулира регенерацијата на кожата, да ги омекне видливите сончеви дамки и да ги намали воспалителните процеси на кожата и да ја заштити кожата од штетните влијанија на околината.
Аргановото масло се чува во стаклен сад, на темно место.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница