Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Што се случува со црниот дроб кога ќе престанете да пиете алкохол?

Објавено

на

Црниот дроб е внатрешен орган во човечкото тело потребен за стотици телесни процеси, вклучувајќи го и разградувањето на токсините, како што е алкохолот.

Со оглед на тоа што е првиот орган што го „гледа“ испиениот алкохол, не е чудно што е најчувствителен на дејството на алкохолот. Сепак, други органи, вклучувајќи го мозокот и срцето, исто така може да бидат оштетени со долгорочно консумирање алкохол.

Постои цел спектар на болести поврзани со црниот дроб, од акумулација на маснотии во црниот дроб (замастен црн дроб) до лузни (цироза) и обично не предизвикува симптоми до многу доцните фази на оштетување.

Прво, алкохолот го замастува црниот дроб. Оваа маст предизвикува воспаление на црниот дроб. Како одговор, црниот дроб се обидува да се лекува со создавање на ткиво со лузни. Ако ова продолжи неконтролирано, целиот црн дроб може да стане мрежа од лузни со мали т.н острови – цироза.

Во доцните стадиуми на цироза, кога црниот дроб ќе попушти, луѓето може да пожолтат (жолтица), да се надуени со течност и да бидат поспани и збунети. Ова е сериозно и може да биде фатално.

Повеќето луѓе кои редовно пијат повеќе од препорачаната граница од 14 единици алкохол неделно – околу шест пива со редовна јачина или околу шест просечни чаши вино – ќе имаат замастен црн дроб. Долготрајното и обилно консумирање алкохол го зголемува ризикот од развој на лузни и цироза.

За среќа, има добри вести. Кај луѓето со замастен црн дроб, по само две до три недели откажување од алкохол, црниот дроб може да заздрави и да изгледа и да функционира како нов.

Кај луѓето со воспаление на црниот дроб или благи лузни, дури и во рок од седум дена по откажувањето од алкохол, се забележуваат намалувања на маснотиите на црниот дроб, воспаление и лузни. Престанувањето со употреба на алкохол за неколку месеци му овозможува на црниот дроб да заздрави и да се врати во нормала.

Откажувањето од алкохол, исто така, има позитивни ефекти врз спиењето, функцијата на мозокот и крвниот притисок.

Избегнувањето на алкохол долго време, исто така, го намалува ризикот од разни видови на рак, вклучително и црниот дроб, панкреасот и дебелото црево, како и ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

Сепак, алкохолот не е единствената причина за лошо здравје. Неговото неконзумирање треба да се гледа како дел од здрав начин на живот, вклучувајќи урамнотежена исхрана и редовни физички вежби.

Позитивно е и тоа што црниот дроб има неверојатна моќ на самообновување откако ќе се оштети.

Ако престанете да пиете и имате само замастен црн дроб, може брзо да се врати во нормала. Ако веќе сте имале оштетување на црниот дроб (цироза), прекинот на алкохолот ќе ви овозможи одредено заздравување и подобрување на функцијата, но не може да ја врати целата штета што веќе настанала.

Затоа, за да се грижите за црниот дроб, одговорно и внимателно со пиењето на алкохол. Така, нема да морате да се потпрете на магичната моќ на црниот дроб да се лекува за да останете здрави.

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 2 часа

Усик стана првиот апсолутен светски шампион во тешка категорија во 21 век

Спортпред 18 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 20 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 23 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 1 ден

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 2 дена

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 2 дена

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 дена

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена