Македонија
Изборната кампања за парламентарните избори од 18 април до 6 мај
Изборната кампања за парламентраните избори закажани за 8 мај годинава, започнува на 18 април во 00:00 часот и ќе трае до 24:00 часот на 06 мај, соопшти Државната изборна комисија.
Според роковникот што го усвои ДИК, изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите и во првиот и вториот круг на гласање не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.
Резултати од испитувањата на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес се објавуваат најдоцна пет дена пред денот определен за одржување на изборите, најдоцна на 02 мај до 24:00 часот.
Улесниците на изборите, листите со кандидат/и за пратеници трреба да ги достават до ДИК најдоцна на 02 април, до 24:00 часот – 35 дена пред денот на одржување на изборите.
Жрепката за утврдување на единствена листа на кандидат/и за пратеници ДИК ќе ја одржи најдоцна на 13 април.
Јавниот увид во Ибирачкиот список започнува 28 февруари, а ќе трае до 18 март во 24:00 часот, до кога ќе можат да се поднесуваат и барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.
Медиумите и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања, се должни во рок од три дена од денот на распишување на изборите, да се регистрираат во ДИК. Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање, обезбедени од државниот Буџет.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница