Поврзи се со нас

Вести

Судот го прогласи Трамп за виновен по сите 34 обвиненија

Објавено

на

Доналд Трамп стана првиот претседател во историјата на САД кој е осуден за сторено кривично дело. Поротата во Њујорк синоќа го прогласи за виновен за фалсификување документи и поткуп на актерка во филмови за возрасни, што се случило пред изборите во 2016 година.

По разгледувањето на исказите и доказите презентирани пред судот и врз основа на тоа каква одлука да донесе, а за тоа дискутираа два дена, сите 12 поротници го прогласија Трамп за виновен по сите 34 точки од обвинението на oкружниот обвинител на Менхетн Алвин Браг. Изрекувањето на каква и да било пресуда се носи едногласно.

Трамп е обвинет за фалсификување компаниски документи и организација на исплата на 130.000 долари на Сторми Дениелс, актерка во филмови за возрасни, за таа да молчи дека имала врска со него. Исплатата ја извршил неговиот тогашен адвокат Мајкл Коен, кој на судот сведочеше со часови за оваа епизода која се случувала неколку недели пред претседателските избори во 2016 година.

Трамп потоа фалсификувал документи за да му ги врати парите на Коен. Вториот по важност сведок беше самата Дениелс која даде бомбастични искази пред судот, како на пример описот како таа поминала со Трамп една вечер во хотелска соба во голф ресорт на езерото Тахо во северна Калифорнија во 2006 година. Тогаш таа имала 27 години а Трамп бил 60.

По изрекувањето на пресудата Трамп даде изјава во која го спомена Сорос, либералниот милијардер и подржувач на демократите, и ја обвини Белата куќа „во обид да отстрани политички противник“ со помош на судскиот систем.

  • Тоа беше направено од Сорос, од администрацијата на Бајден, за да се нанесе штета или да со оштети опонентот, политичкиот противник. Сметам дека тоа едноставно е срамно. И ние ќе продолжиме да се бориме, изјави Трамп, и додаде дека не направиле ништо лошо. „Јас сум навистина невин човек“, изјави тој откако излезе од судската сала.

Неговата прес-служба објави изјава.

  • Ова беше срамно. Ова беше фалсификуван судски процес предводен од корумпиран судија. Ова е фалсификуван суд, срам. Тие не ни дадоа да го смениме местото на судот. Во овој избирачки округ ние имаме пет или шест отсто подржувачи.

Каква казна следува за Трамп одредува судијата. Изрекувањето е закажано за 11 јули.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 10 часа

Во невремето во Скопје повредена жена, паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери

Гостиварпред 12 часа

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 12 часа

За половина година 43 кривични против дилери на дрога во Тетово и Гостивар, запленети марихуана, кокаин, хероин…

Македонијапред 13 часа

Не наседнувајте на измами со лажни покани за наводна истрага, апелира МВР

Гостиварпред 14 часа

Тешко повреден малолетник во несреќа на патот Гостивар – Кичево

Вестипред 15 часа

Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри

soob
Македонијапред 16 часа

Забрана за движење на тешки товарни возила за викенди и при екстремни температури

Гостиварпред 17 часа

Метеопредупредување за пороен дожд, громови и ветер

Вестипред 1 ден

Силно невреме во Словенија

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена