Поврзи се со нас

Македонија

Заврши мандатот на Тошковски, Буши ја презема функцијата министер за внатрешни работи

Објавено

на

Со Министерството за внатрешни работи од денеска ќе раководи Назим Буши, соопштија од МВР.

Досегашниот министер во техничката влада, Панче Тошковски официјално му ја предаде должноста министер за внатрешни работи на Назим Буши, досегашниот заменик министер за внатрешни работи.

  • По денешното примопредавање на должноста, согласно законски одредби на Република Северна Македонија, Назим Буши ќе раководи со Министерството за внатрешни работи до почетокот на функционирање на новиот владин состав, поточно до именувањето на новиот министер за внатрешни работи, соопштија од МВР.

Претходно, на фејсбук министерот за внатрешни работи Панче Тошковски напиша дека откако во текот на вчерашниот ден Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од Парламентарните избори 2024 година неговиот мандат како министер за внатрешни работи во преодната влада за спроведување на избори на пратеници официјално заврши, а согласно Законот за Влада досегашниот заменик министер за внатрешни работи, Назим Буши ја презема надлежноста.

  • Во оваа прилика сакам да истакнам дека изминатиот период беше исполнет со многу предизвици, но заедно со мојот тим покажавме дека со макотрпна работа, професионализам и чесност може да се постигне многу за нашата држава. Успеавме да обезбедиме стабилност и доверба во изборниот процес, односно слободно можам да кажам дека ги организиравме најдемократските избори досега, што впрочем беше и нашата главна цел, напиша Тошковски.

Покрај тоа, додава тој, вложивме напори за подобрување на безбедноста и редот во нашата земја, справувајќи се со повеќе предизвици и ситуации кои бараа брзи и ефикасни реакции. Посочува дека со гордост може да каже дека како тим кој раководеше со Министерството во овие четири месеци, функциониравме, истакнува, транспарентно и одговорно, секогаш со целосна посветеност на потребите на граѓаните и државата.

  • Посакувам што поскоро да се формира новата Влада, за да можат државните институции да профункционираат со целосен капацитет. Потребни се итни и темелни реформи кои се неопходни за Македонија што поскоро да се стабилизира и да го продолжи својот раст и развој. Верувам дека со заеднички напори можеме да создадеме подобра и поквалитетна иднина за сите нас, напиша министерот Тошковски.

Тој се заблагодари на неговиот тим кој, како што вели, вложи натчовечки напори во изминатите четири месеци, но и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи кои навистина беа на висина на задачата.

  • Благодарност и до граѓаните кои во континуитет нѐ поддржуваа и веруваа во нас. Заедно ќе продолжиме да се залагаме за безбедна, стабилна и просперитетна Македонија, напиша тој на фејсбук.
Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 11 часа

Во невремето во Скопје повредена жена, паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери

Гостиварпред 13 часа

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 13 часа

За половина година 43 кривични против дилери на дрога во Тетово и Гостивар, запленети марихуана, кокаин, хероин…

Македонијапред 14 часа

Не наседнувајте на измами со лажни покани за наводна истрага, апелира МВР

Гостиварпред 15 часа

Тешко повреден малолетник во несреќа на патот Гостивар – Кичево

Вестипред 16 часа

Потенцијално опасен астероид мина крај Земјата на далечина 300.000 километри

soob
Македонијапред 17 часа

Забрана за движење на тешки товарни возила за викенди и при екстремни температури

Гостиварпред 18 часа

Метеопредупредување за пороен дожд, громови и ветер

Вестипред 1 ден

Силно невреме во Словенија

Гостиварпред 3 недели

Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар

Видео емисиипред 3 недели

Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски

Гостиварпред 3 недели

MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..

Гостиварпред 3 недели

Автомобил излетал од патот Гостивар – c.Беловиште и паднал во Лакавичка река

Гостиварпред 2 недели

Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Невеста и зет на Галичка свадба 2024 се Стефана Димитрова и Даријан Кочоски

Гостиварпред 2 недели

ИНТЕРВЈУ со Анастасија Јосифовска од Гостивар, студент на магистерски програм за медиумски комуникации во Словенија

Вестипред 4 недели

Ефикасна смеса за чистење ‘рѓа од две состојки кои ги имаме дома

Македонијапред 4 недели

Се намалува цената на горивата од полноќ

Гостиварпред 3 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 6 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 7 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 7 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 10 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 10 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 11 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена