Гостивар
Граѓаните на Гостивар преку апликација може да пријават загаден воздух, диви депонии…
Гостивар доби мобилна апликација преку која граѓаните можат да пријават загаденост на воздухот, диви депонии, пожари кои ги палат земјоделците во пролетната и есенската сезона или полни контејнери. Апликацијата EcoAlertGostivar е лансирана во рамките на проектот „Институционално зајакнување преку активно граѓанство“ кој го спроведува Центарот за младинско образование и посредување CYEM Гостивар.
„Општина Гостивар за овој проект е потписник на меморандумот за соработка со цел намалување на загадувањето на воздухот и намалување на дивите депонии. Ги повикуваме граѓаните да се приклучат на нашата иницијатива за чист град, преку што директно се вклучуваат за институционална ефикасност.“, соопштија од локалната самоуправа.
Преку мобилната апликација граѓаните имаат можност и да се обратат до ЈП Комуналец за превоз на градежен или друг вид габаритен отпад.
Апликацијата е достапна на iOS и Android.
Иницијативата е поддржана во рамките на проектот „Борба против загадувањето на воздухот“ што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Северна Македонија во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица.
Проектот е компонента на Рамковната програма на УНДП финансирана од Шведска. Програмата го опфаќа проектот „Јакнење на општинските капацитети за спроведување на проектот“.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Парламентарни избори 2024пред 3 месеци
Потврдени листите на СДСМ, гостиварката Ема Нешковска трета во ИЕ 6
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин