Гостивар
Совет Гостивар: Согласност на планови за вработување во училишта, одлуки за доделување пари за спорт…
Годишните планови за вработување во основни и средни училишта за 2025-та година беа на дневен ред на денешната 35-та седница на Советот на Општина Гостивар. Советниците изгласаа петнаесетина заклучоци со кои се даде согласност на плановите за вработување на образовни установи на гостиварска територија.
Како што појасни раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче станува збор за редовни планови кои училиштата имаат обврска да ги донесуваат секоја година.
„Ова се годишни планови на основните и средни училишта за 2025-та кои се однесуваат само за вработувањето на технички персонал, значи го содржат персоналот кој веќе е вработен и плановите доколку се предвидени пензионирања“, кажа Снопче.
На седницата беше усвоена и одлука за давање на правото за користење на стадионот под закуп на ФК „Гостивар“ , како и неколку одлуки за доделување на финансиски средства за спорт.
Советниците изгласаа доделување на пари на тенисерот Шендрит Деари, Фудбалскиот клуб од Чегране, Шаховскиот клуб „Гостивар” и ски клубот Сноу спорт.
-
Гостиварпред 3 недели
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување
-
Гостиварпред 2 месеци
Физички напади и групна тепачка вчера во Гостивар
-
Регионпред 3 месеци
Во Хрватска повлечени наполитанки од познат бренд
-
Гостиварпред 2 месеци
Вечен помен и слава! Девет години од смртта на хероите Горан и Ненад
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварец го загуби животот во сообраќaјна несреќа
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа на патот Гостивар – Стража, сообраќајот во прекин
-
Гостиварпред 3 месеци
Над 530.000 денари украдени од картичка на гостиварец