Поврзи се со нас

Вести

Во септември во Гостивар речиси да немало ден без сообраќајка

Објавено

на

 

Статистиката на полицијата од минатиот месец открива алармантна состојба со сообраќајната безбедност на поширокото гостиварско подрачје. Во септември, вкупно биле регистрирани 22 сообраќајни несреќи, или 7 повеќе во споредба со истиот период лани. Речиси и да не поминал ден без да се случи сообраќајка.

Жртви за среќа немало, но осум лица се здобиле со тешки телесни повреди, а 19 биле полесно повредени. Дел од несреќите поминале само со материјална штета.  Дванаесет од минатомесечните несреќи се случиле во населено место, а 10 на отворен пат. Најголемиот број се случиле на гостиварските улици, магистралата Гостивар-Кичево и автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

Анализите на СВР покажуваат дека најчеста причина за несреќите, особено за оние со најтешки последици, повторно е пребрзото возење, потоа недржење страна,  недржење прописно растојание и друго.

Во текот на минатиот месец во гостиварскиот регион вкупно биле контролирани  2221 возило, од кои 865 биле неисправни. Од нив, поради најразлични недостатоци од сообраќај биле исклучени 109 возила, пред се со истечена регистрација, но и поради техничка неисправност и други недостатоци.

Од сообраќај биле исклучени и 160 возачи, од кои 119 без положен возачки испит и непоседување дозвола и 41 возач-почетник. На 58 возачи им биле изречени опомени, додека 17 учесници во сообраќајот завршиле на таканаречена поука.

 

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Вестипред 9 часа

Ден на македонскиот јазик-5 Мај

Вестипред 19 часа

Православните го слават Велигден, празник над празниците, победа на животот над смртта!

Гостиварпред 20 часа

Повредени маж и малолетник во несреќа на патот Дебар-Маврово

Гостиварпред 1 ден

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 1 ден

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 2 дена

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 дена

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 2 дена

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена