Локални избори 2017
Прес на Ангелов: „Уверени сме во поддршката на граѓаните кои препознаваат силна волја и позитивен бран“
На денешната прес конференција на СДСМ Гостивар, носителот на советничката листа Зоран Ангелов, направи пресек на досегашните активности кои како тим ги организирале и спровеле на терен и истакна дека се уверени во поддршката и позитивниот прием кај граѓаните.
„Ентузијазмот и желбата за промени на подобро во оваа држава кои се чувствуваа меѓу граѓаните во текот на кампањата за парламентарните избори кон крајот на 2016 година, сега се засилени со ентузијазам промените кои започнаа на централно, да продолжат и на локално ниво. Граѓаните се ослободени од стравот кој владееше и знаат да ги препознаат силната волја и позитивниот бран на мерки и промени на подобро кои ги донесе, ги започна и ќе ги започне новата Влада во сите сектори на општествениот и политички живот и поддршката за нас опстојува и расте. Секако, граѓаните имаат и критики, кои ние се обврзуваме дека ќе ги земеме предвид“, рече носителот и упати покана за присуство на централниот митинг на Коалицијата на СДСМ во Скопје: „Ги повикувам сите граѓани, без разлика на верска, национална или партиска припадност, да присуствуваат на централниот митинг во Скопје, кој ќе се одржи во недела.“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ