Македонија
АФПЗРР: Производителите на млеко и јајца до 5 ноември да поднесат барања за субвенции
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува млекопроизводителите дека рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од мај до септември 2017 година е до 5 ноември 2017 година.
Од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), ги потсетуваат млекопроизводителите дека барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Исто така, на 5 ноември завршува рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од мај до септември годинава. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена несилка во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца.
Од АФПЗРР информираат дека барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата како и потребната документација може да се подигне во Агенцијата или да се преземе од веб-страницата www.ipardpa.gov.mk, во полето „Директни плаќања 2017“, „Обрасци“.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените