Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар борбен но немоќен против шампионот во Скопје (75:67)

Објавено

на

МЗТ Скопје и КК Гостивар вечерва го одиграа последниот меч од 6-тото коло. Домаќините го добија натпреварот 75:67 (17:18; 16:11; 24:20 и 18:18).

“Актуелниот шампион” и “повратникот во првата лига” одиграа одличен натпревар во кој се покажа дека освен епитетите ништо друго не покажува дека е така. МЗТ потешко од очекувањата стигна до својата четврта победа во лигата.

Храбар натпревар на гостиварци кои покажаа дека може да се носат и со најсилните екипи од лигата. Покрај повредите, тешкиот распоред и со само 7 кошаркари на паркетот го изнамачија актуелниот шампион. Подолгата клупа и подобрата скок игра ја направија разликата победата да ја однесе скопскиот тим.

Изедначена борба во сите четвртини Тодоровиќ и Сегариќ кај гостиварци беа незапирливи двајцата постигнаа по 18 поени, потпомогнати од Димчевски 14 и Тасовски 10 поени. Може да се каже потфрли остатокот од екипата кои постагнаа вкупно 7 поени.

Додека кај МЗТ дури 8 кошаркари запишаа поени, се издвоија Симоновски и Трајковски со 22 односно 13 поени.

Иако поразени “бело-сините” од Гостивар нема потреба да жалат за бодовите, ваквата борба, пожртвуваност и желба за победа може да најават само убави денови за гостиварскиот клуб. Веќе викендов нареден противник е лидерот на табелата КК Работнички.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена