Вести
(3) ОДГОВАРААТ: Дубравка Новаковска, Ивица Димчевски, Јасин Зејнел
Дубравка Новаковска, доктор специјалист по семејна медицина
Не знам дали е поради еуфоричното расположение од предстојните новогодишни празници или мојата позитивна природа, на ум ми паѓаат само убави работи како на професионален така и на приватен план. Оваа 2017 беше во знак на неколку интересни професионални патувања. Софија, Будимпешта, Сегедин на балкански форуми каде учествуваат доктори од цел Балкан, што е драгоцено за секој професионалец. А на приватен план би ја издвоила мојата прва посета на боксерски турнир, Меч на шампиони, каде се натпреваруваше мојот помал син и каде гледаш како твоето мало дете пораснало и го живее својот сон. Се на се многу успешна година зад мене.
Можеби ќе звучи како клише, меѓутоа мојата желба за 2018 година е здравје, среќа, здрав разум, позитивна мисла. За себе, моето семејство и сите кои ова го читаат. Бидејќи тоа е најважното, а се друго ќе си дојде само по себе.
[divider]
Ивица Димчевски, кошаркар на КК Гостивар
Оваа 2017 година ќе ја паметам по многу работи, пред се убави. Година помината со напорна работа и уживање во мојата нова улога на родител.
Во 2018 година посакувам да има пред се здравје, на професионален план успех и да продолжиме со добрите игри во новата година.
[divider]
Јасин Зејнел, бизнисмен
Оваа 2017 година што изминува како граѓанин на Гостивар ќе ја паметам по тоа што беше година во која многу луѓе и пријатели заминаа во странство и градот остана полупразен.
Во новата година очекувам во Македонија да има ред и мир. Да може да им овозможиме на нашите деца среќно детство и иднина.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!