Вести
Временските промени го шокираат организмот, како да го заштитите здравјето?
Најавената нагла промена на температурите носи ризик по здравјето на граѓаните. Тегобите кои се јавуваат се поизразени кај хронично болните, но не се поштедени ниту здравите лица. Огромните температурни разлики се шок за организмот, предупредуваат лекарите.
Како најчести проблеми се наведуваат: главоболка, напнатост на телото, болки во коските и во зглобовите, малаксаност и несоници. На голем удар се срцево болните и децата кои страдаат најчесто од респираторните заболувања на горните и долни дишни патишта. Зголемен е ризикот и за лицата со висок притисок, пост инфарктни состојби или после прележан мозочен удар.
За да се сочува здравјето лекарите советуваат превентивни мерки како облека според моменталните временски прилики, разновидна исхрана и дополнителен внес на витамини, хронично болните редовно да ја земаат својата терапија и да бараат медицинска помиш доколку им се влоши состојбата.
Неделата започнува со променливо облачно време и повремени врнежи од дожд. За разлика од претходната недела кога температурите заглавија длабоко под нулата, деновиве ќе се движат до 15 степени.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ