Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Алармантно: Конзумираме два пати повеќе сол од препорачаното

Објавено

на

Во Македонија просечно се консумираат 11,5 g сол на ден, што е над два пати повеќе од препораките на Светската здравствена организација, објави Институтот за јавно здравје. Македонија годинава се приклучи на Глобалната недела на подигнување на свеста за намалување на сол во исхраната, во чиј фокус беше количината на сол во лебот кој секојдневно го јадеме.

Количината на сол во лебовите што се продаваат во Република Македонија варира од 0,36 до 2,5 грама на 100 грама леб, што е далеку над препораките во Обединетото Кралство, кои беа земени како референтни, објави Институтот.

„Солта е важен дел на исхраната на нашата популација, а од јавно-здравствен аспект најважна е нејзината улога како „носач“ на јодот кој е неопходен во спречувањето на определени болести. Сепак, населението во Македонија внесува најмалку два пати повеќе сол во споредба препораките на СЗО. Внесот на сол преку белиот леб е карактеристичен поради тоа што тој леб преовладува во исхраната на нашето население и се покажа дека количините на сол во тој леб се меѓу повисоките, дури и во светски рамки. Државата, во соработка со СЗО и со индустриијата за храна, мора да започне активности во насока на достигање на целите на СЗО за намалување од 30% на внесот на сол до 2025 година“, стои во изјавата на д-р Игор Спироски од Институтот за јавно здравје и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје.

Институтот за јавно здравје повика на донесување и усвојување на цели за највисока дозволена количина на сол во леботво нашата земја, како и континуирана контрола за почитување на истите.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 4 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 6 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 9 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 12 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 1 ден

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 1 ден

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 1 ден

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена