Поврзи се со нас

Култура

Литературен конкурс за основците од гостиварските училишта

Објавено

на

Основците од вишите одделенија од училиштата на подрачјето на општина Гостивар добиваат можност да го покажат својот талент во пишување и креативна мисла. Средното економско училиште распиша конкурс за литературни творби, поезија и проза, на тема „Влијанието на социјалните мрежи врз животот на младите”. Право на учество имаат сите ученици од основните  училишта од шесто до деветто одделение со творби напишани на својот мајчин јазик.

„Преку овој литературен конкурс сакаме да ги потсетиме учениците на вредноста на пишаниот збор и литературата и кај нив да го поттикнеме творечкиот дух. За најдобрите се обезбедени пригодни награди“, велат организаторите на конкурсот.

Творбите се доставуваат дирекно во средното економско училиште, со назнака – за литературниот конкурс, или преку мејл: seou.literaturenkonkurs@gmail.com. Учесниците треба да го наведат името на ученикот, менторот и на училиштето.

Конкурсот е отворен до 16 април, а наградите за најдобрите творци ќе се доделуваат на свеченост во просториите на училиштето кон крајот на месецот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена