Вести
Велосипедска трка и поетско читање во Гостивар во хуманитарни цели
Викендов што измина младите волонтери од гостиварскиот Црвен Крст го искористија за организирање на два хуманитарни настани.
Во саботата во летниот амфитеатар се одржа манифестација под наслов “Гостивар чита“, на која се читаше поезија и беа собрани книги и лектири кои ќе се донираат за училишните библиотеки. „Целта ни беше да ја поттикнеме младата популација на заеднички живот и промовирање на културата на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество“, велат од Црвениот Крст.
Вториот настан беше организиран во недела. Станува збор за велосипедска трка под мотото “Здравјето е богатство” со цел младите да се поттикнат на здрави навики и поактивен живот. Велосипедската трка почна од пред гимназијата во Гостивар, а заврши пред Хидроцентралата во селото Вруток. Со парите собрани од партиципацијата за учество во трката, ќе се обојат старите места за паркирање на велосипеди во училиштата, а во оние каде што нема, ќе се стават нови.
Активностите се спроведоа во рамки на Програмата за промоција на хумани вредности.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ