Забава
Учете странски јазик додека спиете
Имате проблеми со учењето нови јазици? Не сте сами. Многу луѓе поради пренапорниот распоред и уморот имаат потешкотии при учењето.
Но, според последното истражување објавено во научното списание “Cerebral Cortex Oxford”, слушањето на аудио снимки од зборовите кои сакате да ги научите додека спиете, може да ви помогне да ги совладате полесно.
Во студијата учествувале 60 лица од германско говорно подрачје и имале задача да научат нови зборови на холандски. Испитаниците од првата половина од групата слушале аудио снимка додека биле будни, а другите додека спиеле. Истражувачите увиделе дека групата која спиела имала далеку подобри резултати од оние кои биле будни.
Сепак, авторот на студијата Бјорн Раш, заклучува дека ова не е доволно за да научите нов јазик и дека треба да вложите и малку труд.
“Ваквиот начин на успешно помнење е можен само ако сте учеле пред да одите да спиете. Слушањето зборови додека спиете нема ефект ако зборовите ви се целосно непознати.”, истакнува Раш.
Истражувачите велат дека најдобро се учи за време на NREM фазата која обично се случува во првата половина од ноќта. На пример, ако одите на спиење во 11, слушајте ги зборовите измеѓу полноќ и 2 часот наутро.
Во соработка со: Enauka.mk
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!