Вести
Јелица Гавриловска – Единствената гостиварка која ја истрча 21 километарска полумаратонска трка
Вчера во Скопје се одржа 14-от традиционален Wizz Air маратон на кој беа пријавени рекордни 10.000 учесници од 58 земји од светот кои трчаа неколку различни маратонски дисциплини.
Гостиварката Јелица Гавриловска беше единствената девојка од Гостивар која учествуваше во полумратонската трка. „Кеца“ како ја познаваат низ Гостивар учестуваше на 21 километарската трка. Минатата година успеа да ја истрча за 2 часа и 3 минути, оваа година го подобри личниот рекорд и истрча за 1 час 57 минути и 17 секунди. Севкупен пласман, 58 рангирана во женска конкуренција.
„Покрај предизвикот да ја завршам трката задоволство е да се учествува на спортски настан каде што има повеќе од 10.000 учесници од најразлични земји во светот, а покрај другото атмосферата е фантастична. Прекрасно е чувството да се биде дел од толпата што трча и да ги гледаш лицата на подржувачите кои цело време несебично те бодрат. За една ваква трка припремите се континуирани преку цела година. Активно се занимавам со планинарење, велосипедизам, фитнес и трчање што многу ми помага да ја одржувам мојата физичка спремност. Интезитетот го зголемувам како што наближува трката, а пред самата трката најважно е да си добро одморен. Се надевам дека во блиска иднина ќе истрчам уште трки, а секако моја желба е некоја од нив да биде и во некоја европска метропола.“ – ни изјави Гаврилоска после вчерашната трка.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!