Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Инвертер климите најповолни за греење на домовите

Објавено

на

air-conditioning-cover-banner-960x538Летото веќе одамна е позади нас, а ладното време, дождливите есенски денови и сивата зима се пред нас. Заладувањето на времето веднаш сите го чувствуваме и најчесто се прашуваме како најекономично да се стоплиме. Инвертер клима уредите сe почесто сe дел од домовите на луѓето кои нив ги користат за ладење, но и за затоплување на домот. Во последните години, клима уредите станаа вистински хит во светот за време на целата година, а не само во летните месеци.

Во нашата држава луѓето имаат сe помалку дилема кога станува збор за изборот на греење. Ако до пред некоја година сите се размислуваа дали да ги затоплуваат своите домови на дрва, грејни тела на струја или клима уреди, во последно време оваа дилема е сe помала. Граѓаните не само во нашата држава, туку и на целата планета, постојано се во потрага по најевтиното и најефикасно греење и се трудат оваа потреба да не удри драстично врз нивниот џеб како и да не го оптовари дополнително нивниот буџет. Токму изборот во нашиот дом е инвертер клима уред што може да се користи во текот на целата година.

Рационалното размислување сe повеќе ги тера граѓаните да изберат греење со клима уреди, затоа што на тој начин најбрзо го стоплуваат домот со прилагодена и посакувана висина на температурата. Затоплувањето со клима е погодно и во однос на периодот од денот за оние семејства кои се отсутни од домот сe до покасните вечерни часови.

Од страна на граѓаните интересот за инвертер клима уредите сe повеќе расте поради бенефициите од истите. На нив гледаат како долготрајна инвестиција затоа што претставуваат производи кои може да се користат во текот на целата година зависно од потребите во зависност дали станува збор за лето или пак зима.

Греењето со инвертер клима уред за разлика од останатите грејни тела на електрична енергија е многу поекономична приказна за греење. Инвертер технологијата е направена така да работата на компресорот се прилагодува на постигнатата температура. Во почетокот работи со полн капацитет, но подоцна како се приближува до бараната температура, потрошувачката и бројот на вртежи се намалуваат, па така се постигнува значајна заштеда во однос на класичните клима уреди кои цело време додека греат и работат со полн капацитет.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена