Вести
Почнува Светското првенство во фудбал
Oд денес па наредните 30 дена Русија ќе биде фудбалска престолнина на светот. 11 градови ќе бидат домаќини на 32 репрезентации кои се ќе борат за познатата “Златна божица”, трофеј посветен на шампионот на Светскиот куп.
Првенството денес го отвораат домаќинот Русија и репрезентацијата на Саудиска Арабија на стадионот “Лужники” во Москва во 17 часот.
Познатиот трофеј го брани репрезентација на Германија, која пред 4 години во финалето ја совлада Аргентина. Додека рекордот со една титула повеќе од германците го држи селекција на Бразил, која на овој Мундијал е главен фаворит за освојување на шестата “Златна божица”, но “Караоките” нема да имаат лесна задача, со оглед на тоа дека исти амбиции имаат и селекциите на Шпанија, Германија, Франција, Аргентина, Белгија и Англија.
На Мундијалот во Русија за прв пат во историјата на Светските првенства ќе се користи видео технологијата ВАР.
Распоредот по групи на СП 2018:
група А: Русија, Уругвај, Египет, Саудиска Арабија.
група Б: Шпанија, Португалија, Мароко, Иран.
група Ц: Франција, Данска, Перу, Австралија.
група Д: Аргентина, Хрватска, Исланд, Нигерија.
група Е: Бразил, Швајцарија, Костарика, Србија.
група Ф: Германија, Мексико, Шведска, Јужна Кореја.
група Г: Белгија, Англија, Панама, Тунис.
група Х: Полска, Колумбија, Сенегал и Јапонија.
Македонската радио телевизија ќе ги пренесува сите натпревари од СП 2018 во Русија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница