Поврзи се со нас

Вести

Уписи: Каде ќе учат гостиварските полуматуранти?

Објавено

на

Учениците кои завршија основно образование, одлучуваат каде ќе го продолжат школувањето. Денес и утре се спроведува првото пријавување од јунскиот уписен рок во средните училишта. Гостиварските полуматуранти на располагање имаат четири јавни средни школи во кои денес можеа да се видат растрчани ученици и родители, пополнување на документи, консултации со уписните комисии.

Според конкурсот отворени се места за прием на 1.904 ученици, но бројот секако ќе биде далеку помал со оглед на вкупната бројка на полуматуранти.

Од училиштата велат дека главно се задоволни од првиот уписен ден, а очекуваат нови пријави и утре. Тоа го потврдија и во средното техничко училиште од каде оценија дека во првиот уписен ден одредени смерови ги исполниле очекувањата, а утре, на вториот уписен ден очекуваат поголем интерес.

Во економското и гимназијата минимумот за влез е 60 бодови.

„Во нашето училиште може да се запишат ученици со минимум 60 бодови и тој праг останува и за второто пријавување. Мислам дека определбата за нашето училиште е сосема на место, наставата се одвива на ниво со секогаш подготвени професори да им го пренесат знаењето на учениците и им нудиме можности за учество во проекти кадешто секој од нив може да се пронајде“, рече директорот на еконоското училиште во Гостивар, Тони Ефремоски.

„Интересот за упис во средното медицинско училиште и оваа година е доста голем, како и претходните. Критериумите за упис се највисоки, осносно се запишуваат ученици со најголем број на поени. Очекуваме доста пријави и утре.“, рече Горица Војноска, професор во средно медицинско училиште која беше дел од уписна комисија.

Резултатите ќе бидат објавени во среда. Според искуството од минатите години, по првиот рок од уписите, остануваат слободни места во сите гостиварски училишта. Следното пријавување во јунскиот рок е за десет дена.

Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Спортпред 10 часа

Тајсон Фјури и Олександр Усик по 25 години ќе боксуваат за шампион во тешка категорија

Избори 2024пред 11 часа

ДИК: Прегласување и разрешени избирачките одбори во избирачките места 1470/1, 1470, 1194, 1202, 1844, 1272 и 2101

Гостиварпред 14 часа

Поставени нови иновативни корпи за отпушоци во центарот на Гостивар

Здравје и убавинапред 17 часа

Светски ден на ретката болест порфирија

Спортпред 1 ден

Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал и ќе зема 15 милиони евра годишно плата

Македонијапред 1 ден

УЈП ги потсетува граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Гостиварпред 2 дена

Генералка викенд 2024 – Гостивар заеднички исчистен на неколку локации

Гостиварпред 2 дена

Советот на Општина Гостивар одобри јавно-приватно партнерство за поставување соларни панели на општински објекти

Гостиварпред 2 дена

Приведен жител на Дебреше поради закани и кражба на мобилен телефон

Гостиварпред 2 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 9 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена