Спорт
СП 2018: Полуфинале од 2,2 милијарди долари: Франција-Белгија
Од вкупно 32 селекции и 62 одиграни натпревари, Светското првенство во Русија се сведе на најдобрите четири репрезентации. Денeска и утре ќе се одиграат полуфиналните натпревари од кои ќе ги добиеме финалистите на 21-от Мундијал.
Вечер од 20 часот, во Санкт Петербург ќе играат селекциите на Франција и Белгија.
Фудбалската репрезентација на Франција е најскапата селекција од сите полуфиналисти, проценети се на 1,4 милјарди, Белгија чини 837 милиони долари. Двете заедно вредат 2.237.000.000 долари.
Малку е познато дека Франција и Белгија имаат одиграно дури 73 меѓусебни натпревари. Историјата на меѓусебните натпревари започнала пред 114 години. Белгија статистички е многу подобра во меѓусебните дуели во однос на Франција. Има 30 победи, наспроти 24-те на „триколорите“, а 19 меча завршиле без победник.
Избраниците на Дидие Дешам се благи фаворити на вечерниот дуел, но Белгиците не ги загрижува многу тоj податок. Со оглед дека го имаат најдобриот напад и најдобриот скор на ова СП.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ