Спорт
СП 2018: Хрватска и Англија „финале пред финалето“
Селекцијата на Франција го чека својот противник во финалето на 21-то Светско првенство. Вчера ја совладаа селкцијата на Белгија и ја остварија целта со која пристигнаа во Русија, финале.
Англија и Хрватска се селекциите кои ќе се борат вечерва за големото финале. Еуфорија ја тресе цела Хрватска. Селекторот Далиќ направи одличен успех до сега, како и за досегашните натпревари и за овој изјави дека ден пред натпреварот го знае составот кој ќе истрча на терен, посебно респектирајќи ги селекторот и репрезенацијата на Англија во своите изјави. Хрватите се во полуфинале после 20 години, „коцкастите“ ги дели еден натпревар од историски успех, треба само да ја совладаат нацијата која го измисли фудбалот – Англија.
А таму пак, England Belongs To Me, Freed from desire, Rule Britannia, God save the queen, непрестано грмат низ цела Англија и насекаде кај што се англиските навивачи. Англија е во тотална еуфорија! „Ние можеме да го срушиме светот, само уште два натпревари“, „Англија полуде“, „Што може да тргне на лошо?“, „Донесите ја Хрватска“ ова се натписите на славните англиски весници: Mirror, The Sun, Independent и Times.
Англичаните во полуфинале се после 28 години. Герет Саутгејт го направи она што не успеаа многу пославни тренерски имиња од него. Го имаат вториот најмлад состав во историјата на англискиот репрезентативен фудбал. Ги имаат навивачите кои вчера повеќе часа го блокираа аеродромот во Лондон, брзајќи да не ги пропуштат летовите за Москва. Го имаат најдобриот стрелец на првентстото Кејн.
Во текот на вчерашниот ден за време на редовните прес-конференции, непозната личност предизвикал голема паника помеѓу присутните новинари со дојавата дека на стадионот „Лужники“ има бомба. Откако сите пристуни биле евакуирани, полицијата го пребарала целиот стадион, по што било утврдено дека се работи за лажна дојава и за кратко продолжиле со активностите.
Натпревар каков единствено може да донесе Светско првенство и ниедно друго натпреварување. И двете земји се фудбалски нации за кои вечерашниот натпревар е прашање на „живот или смрт“. Натпреварот се игра на Лужники стадионот во Москва.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!