Здравје и убавина
Што кажуваат брадата и мустаќите за вас?
Велат дека оделото не го прави човекот, но дали истото може да се каже за брадата и мустаќите? Одговорот е – не! За мажите може многу да се заклучи од изгледот на нивната брада и мустаќи.
Дводневна брада
Ова моментално е најпопуларниот облик на брада бидејќи всушност не е вистинска брада, не го обврзува мажот да се бриче секое утро, а изгледа добро скоро на сечие лице. Но, иако можеби не изгледа така, дури и дводневната брада бара одржување. Она што е карактеристично за мажите со овој облик на брада е дека го следат трендот.
Густа, но одржувана брада
Се додека брадата добро се одржува, изгледа добро на секој тип на маж. Оние кои имаат густа брада ја сметаат за дел од сопствениот идентитет. Густата брада се толкува како знак за машкост, а мажите кои ја носат се полни со потајна самодоверба и не сакаат да се прават важни.
Дива брада
Деновиве дивите и неодржувани бради и мустаќи може да се видат кај студентите и популарните личности. Во прашање е покажување тестостерон на дело, а правилото гласи – колку повеќе, толку подобро. Дивата брада е знак за слобода и бунтовност.
Голобради
Трендот со брадата и мустаќите се менува отприлика на секои 20 години така да се очекува потполно избричаното лице наскоро да се врати во мода. Мажите со голобрадо лице се личности кои не сакаат да се издвојуваат и сакаат класичен изглед.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок