Вести
Возачите да имаат трпение-започна реасфалтирањето на улиците околу училиштето „Гоце Делчев“
Започна реасфалтирањето на улицата пред главниот влез на основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар, а следните денови ќе се продолжи со вакви зафати и на другите улици во тој реон. Улиците ќе се опфаќаат една по една, со оглед на тоа што, додека траат работите ќе бидат затворени за сообраќај.
„Почнавме со улицата пред главниот влез на училиштето, ќе се оди се до Витамин Ага, а потоа ќе продолжиме и од аголот до Комуналец. Вкупната должина е околу еден километар, а проектот ќе чини 12 милиони денари. Градежни работи за реасфалтирање од денес се одвиваат и во гостиварското село Форино, каде ќе се обнови една поголема улица со вкупна должина од околу 1,1 километар. Таму ќе се инвестираат околу 11 милиони денари“, изјави портпаролот на општина Гостивар Јасин Демири.
Од локалната самоуправа на Гостивар велат дека доколку работите течат според предвидената динамика, проектите целосно ќе завршат за три недели.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!