Вести
Спасовски преку времено отворениот граничен премин Стрезимир во посета на косовска Рестелица
Граничниот премин Стрезимир на македонско–косовската граница од вчера е времено отворен за преминување со лична карта или пасош. Министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски денес го помина граничниот премин и беше во посета на селото Рестелица, општина Драгаш, во регионот на Гора.
„Заедничката посета на општината Драгаш во Косово, каде живеат наши луѓе заедно со граѓани од општина Маврово – Ростуше, што ја организиравме со градоначалникот Медат Куртовски е многу значајна активност. Ваквите пријателски посети и средби со граѓаните на нашите две држави отвораат нови можности и коридори за комуникација во новите следни предизвици, а се со цел подобрени услови за жителите во овие околни места и подобра иднина“, изјави Спасовски, кој при посетата се сретна со косовскиот министер за внатрешни работи Бејтуш Гаши и директорот на полицијата на Косово, Наим Реџа.
„Ние како општина ќе продолжиме со активно лобирање за трајно отворање на овој граничен премин како и обезбедување на нормални услови, односно асфалтирање на овој правец.“, рече градоначалникот на Маврово Ростуше, Медат Куртовски.
Преминот „Стрезимир“ кон Косово е времено отворен од 18 до 20 август.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ