Поврзи се со нас

Вести

Гимназијата со блокирана сметка и без струја, Камбери бара градоначалникот да пружи рака за соработка

Објавено

на

По неколку негови колеги од гостиварски училишта, со поплаки кон општината денес излезе и директорот на гимназијата Џези Камбери.

„Раководството на општина Гостивар постојано одбива соработка поради што ние се наоѓаме во тешка ситуација во која е загрозено одвивањето на наставниот процес. Сето тоа оди на товар на учениците, родителите и професорите. Нашето училиште два месеци има блокирана жиро сметка, не се потпишани согласностите за десетина вработувања и исклучена ни е електричната енергија. Ние сме институција со долга традиција од чии клупи излегле голем број кадри, и ваквата ситуација е голем срам за институцијата, за мене, за наставниот кадар, за градоначалникот и за општината. Кога е во прашање образованието, градоначалникот не треба да гледа низ призма на политиката, туку да пружи рака за соработка заеднички да ги надминеме овие несакани состојби. “,  изјави Камбери.

Настанатите проблеми и несогласувања пред почетокот на новата учебна година, локалната власт и директорите на училиштата во Гостивар ќе ги „пеглаат“ на состанок кој треба да се одржи попладнево во општина Гостивар.

На претходните обвинувања, општинарите одговорија дека не се вистинити и дека обврските кон училиштата општината редовно ги исполнува.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена