Вести
Бурна нова учебната година во Гостивар – денес општината со обвинувања кон ДУИ
Меѓусебните обвинувања на општинското раководство, училишните управи и огранокот на ДУИ за состојбите во училиштата во Гостивар продолжуваат. Денес, прес конференција одржа раководителката на општинскиот Сектор за образование, посочувајќи дека ДУИ го деградира образованието во Гостивар, а одземањето на надлежностите било направено со цел да се спречи градоначалникот во стратешкото планирање во областа на образованието.
„Директорите назначени од министерот за образование добиваат партиски наредби, принудувајќи ги документациите на училиштата да ги достават во седиштето на ДУИ. Дали има поголема мизерија од ова? Дали има поголемо понижување за образованието, па и за партиските директори? Наместо да има инвестиции, наместо да надвладеат вредностите, во време кога младите во голема мера се иселуваат од земјава, ДУИ ја деградира и таа трунка надеж на општеството, а тоа е здравото образование на младите генерации. Ние како општина, не направивме партиска селекција на наставниците. Ние поднесовме барање за трансформација на работниот однос за над 40 работници. Шест месеци не добивме одговор. Не одговарањето, држењето во фиока на документацијата, ја одразува целта и интеракцијата на Министерството во овие скандали за чистка на наставниот кадар во Гостивар.“, изјави Снопче.
Од гостиварскиот огранок на ДУИ порачаа дека како партија се посветени на обезбедување помош и поддршка на училиштата и надминување на проблемите, кои како што велат се создадени од локалната власт на Таравари. „Во соработка со државните институции ќе работиме на отстранување на сите пречки кои влијаат на напредокот на процесот на образование“, наведуваат од партијата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гости: Живка Ѓурчиновска и Г‘зиме Фејзи | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!
-
Македонијапред 3 месеци
Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок