Поврзи се со нас

Македонија

Македонските возачки во Германија пред конечно признавање

Објавено

на

Веста која долго ја очекуваа многу македонски државјани кои живеат и работат во Германија: Во вторник ќе биде потпишана заедничката Декларација за признавање и замена на возачките дозволи.

Македонското Министерство за внатрешни работи и германското Министерство за сообраќај во вторник конечно ќе го потпишат договорот за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи во двете земји. Договорот би требало да стапи во сила веднаш потоа, што значи дека набрзо ќе можат да се заменуваат македонските возачки дозволи во Германија, и обратно.

Двете земји постигнаа начелен договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи уште во февруари годинава, но технички проблем ја одложи финализацијата на договорот.

Стапувањето во сила на договорот со олеснување ќе го дочекаат македонските државјани кои имаат постојано живеалиште во Германија, но и оние кои често патуваат во земјата, бидејќи досега правото да управуваат со моторно возило во Германија го имаа само во првите шест месеци од престојот. Потоа, мораа да полагаат одново возачки испит.
Неколку други земји од регионот, како Србија и Босна и Херцеговина веќе подолго време имаат вакви билатерални договори со Германија и нивните државјани без проблеми можат да управуваат моторни возила во земјата, без ограничувања.

Извор: DW.com

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 16 часа

Етерични масла против алергии

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Вечерва на полноќ настапува предизборен молк

Гостиварпред 18 часа

Новата седмица почнува со сонце, ќе продолжи со дожд и ветер

Вестипред 19 часа

Денес е Ѓурѓовден, празник во слава на природата и животот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена