Македонија
Засилени контроли на МВР за издувните гасови на возилата во Гостивар и Тетово
Секторот за внатрешни работи Тетово oд 20-ти овој месец на подрачјето на Гостивар и Тетово спроведува засилени контролни активности на техничката исправност на возилата. Во рамките на овие активности посебно внимание, покрај другото, им се посветува на штетните издувни гасови што ги емитуваат возилата.
На гостиварскто подрачје досега откриени и исклучени од сообраќај се 6 возила кои емитувале штетни издувни гасови пове ќе од доволената граница. Бројот на ваквите возила на тетовското подрачје во овој период изнесувал 5, информираат од полицијата.
На сопствениците на технички неисправните возила, кога станува збор за издувните гасови, изготвени им се прекршочни платни налози, а согласно член 42 од Законот за возила глобата за овој вид прекршок изнесува 120 евра во денарска противвредност. Доколку возилото е сопственост на правно лице, предвидена е соодветна глоба и за одговорното и правното лице.
Контролните активности ќе продолжат и наредниот месец во функција на намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот и на вкупната аерозагаденост на подрачјето.
-
Гостиварпред 3 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените