Поврзи се со нас

Култура

Концерт на пијанистката Ема Попивода вечерва во Гостивар

Објавено

на

Во рамки на својата мини турнеја низ Македонија, пијанистката Ема Попивода, вечерва (28 септември) ќе одржи концерт во Центарот за култура во Гостивар. На програмата се композиции базирани на македонски народни песни од композиторот Димитрије Бужаровски, кои се преработени во класичен стил со примеси на џез, импресионизам, експресионизам: Зајди зајди, Дали паметиш Милице, Калеш Анѓа, Јовано јованке, Не си го продавај Кољо чифликот и други.

Концертот ќе се одржи во малата сала со поочеток во 20 часот, а влезот е слободен.

Настанот е дел од манифестацијата  „Нов културен бран“ поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Ема Попивода е пијанистка со богата интернационална кариера и вистински амбасадор на македонската култура во светот. Родена во музичка фамилија (нејзината мајка е исто така музичар), нејзиниот талент го забележуваат врвни музички имиња уште од најрана возраст. За време на своите студии, има привилегија да учи со реномирани пијано педагози, меѓу кои: Стела Слејанска, Акилес дел Вињ, Вилијам Хауард, Борис Романов, Арбо Валдма, Рита Кинка. Во 2014 година, Попивода со највисок успех ги завршува докторските студии по пијано, под менторство на проф. Стела Слејанска и проф. Димитрије Бужаровски. Интернационално активна, оваа млада пијанистка ги завршува и студиите на „Моцартеум академија“ во Салцбург, Австрија и „Дартингтон академија“ во Девон, Англија. Попивода се здобива со акредитација за предавање на британската програма за музика, откако ги завршува и IGSCE студиите на Универзитетот Кембриџ во В. Британија. Ема е основач и уметничи селектор на Фестивалот за современа музика Модоарс, во чии рамки настапувале врвни уметници од целиот свет. Работи како професор по пијано на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 52 минути

Денес гласаат болни, затвореници и лица во старските домови

Гостиварпред 2 часа

Најавено е минирање кај Бањица во текот на денот

ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Изборен молк до утре во 19 часот

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Стојаноска: Промените ќе се случат на 8-ми мај, со уште поголема поддршка за бројот 2

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Нешковска: Да ја движиме државата напред наместо да ја блокираме, ве охрабрувам да го дадете гласот за поддршка на бројот 1

ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица за претседателските и 11.225 за парламентарните избори

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 21 час

СДСМ организираше велигденска забава на плоштадот во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 23 часа

Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 граѓани

Здравје и убавинапред 24 часа

Етерични масла против алергии

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена