Вчеравечер во галеријата „Култ“ во Гостивар беше отворена изложбата на дела од косовската уметница Дије Блаца. Пред љубителите на уметноста беа изложени дваесетина слики работени во техниката акрил на платно.
„Во моментот, кога се осмелуваш да ја коментираш или да ја разјасниш, наместо да ја доживееш, ја ставаш на ризик нејзината вредност. Мислам дека ова важи и за самиот автор. На ова правило се придржува и Дије, таа си ја врши работата, а нас не остава да ја доживуваме. Нејзината работа е поврзана со реалноста, со цел да се доживее слободно, не само како што таа ни ја прикажува. Се обидува да не поведе некаде, на некој настан, којшто сите го знаеме, но никогаш не сме го забележале, или во некоја случка што не ја знаеме и нема никогаш на ја запознаеме“, рече Влора Демири, куратор на изложбата.
Блаца рече дека и претставува чест што повторно изложува во Гостивар по пет години, кога учествувала на групна изложба на здружението на уметници „Драудакум“ и добила награда за „слика на годината“.
„Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на директорот на галеријата „Култ“, Осман Демири, што овозможи да ја одржам оваа ликовна изложба. Првата изложба на овие уметнички дела ја направив во февруари, минатата година. Му се заблагодарувам на Министерството за култура на Македонија, за поддршката за оваа изложба.“, рече авторката.
error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!
Оваа страница користи колачиња (cookies), за да осигураме дека ви го даваме најдоброто пребарувачко искуство на нашата веб-страница. Ако продолжите да ја користите оваа страница, ќе претпоставиме дека сте задоволни со тоа. За да дознаете повеќе за тоа како ги користиме и управуваме со колачињата, можете да прочитате на Политика за колачиња.OK